Skip to content
Delfi Connect · верзија на условите: 1.0 · ноември 2026

Услови за користење и лиценцирање

Овие услови важат за купување, активирање, обнова и користење на програмата Delfi Connect и нејзиниот Android SMS конектор. Со инсталирање или активирање на програмата ги прифаќате овие услови.

1.Поими

  1. Програма — Windows апликацијата Delfi Connect, заедно со инсталаторот, упатството и Android SMS конекторот.
  2. Корисник — физичко или правно лице што ја купило лиценцата.
  3. Инсталациски ID — единствена ознака што програмата ја прикажува при првото стартување и преку која лиценцата се врзува за конкретен компјутер.
  4. Лиценцен клуч — код издаден за одреден Инсталациски ID со кој се активира купениот пакет.
  5. Ажурирање — секоја поправка, подобрување или нова функција во истата главна верзија (на пример 1.9.11 → 1.9.12 или 1.9 → 1.10).
  6. Нова главна верзија — верзија со променет прв број (на пример 1.x → 2.0).

2.Лиценца и рок на важење

  1. Корисникот добива неексклузивно право за користење на Програмата. Програмата не се продава — се лиценцира за користење.
  2. Лиценцата важи 12 месеци од денот на активирањето.
  3. Една лиценца важи за еден Windows компјутер и е врзана за неговиот Инсталациски ID. За секој дополнителен компјутер е потребна посебна лиценца (посебен клуч).
  4. Дополнителни компјутери: за втор и секој нареден компјутер во иста организација, додека главната лиценца е активна, лиценцата чини 50% од цената на истиот пакет. Дополнителните компјутери мора да бидат со ист пакет како главната лиценца или понизок.
  5. Android конекторот може да се пренесе на друг компатибилен телефон додека лиценцата е активна.
  6. За пренесување на лиценцата на нов компјутер (на пример поради дефект или замена) контактирајте не — новиот клуч се издава за новиот Инсталациски ID, а старата инсталација престанува да се користи.
  7. Лиценцата не смее да се препродава, изнајмува или споделува со трети лица. Забрането е декомпајлирање, менување или заобиколување на лиценцната заштита.

3.Видови лиценци

  1. Основна лиценца — персонализирани e-mail пораки преку Google/Gmail или Brevo, PDF сертификати, шаблони и следење кликови. SMS модулот е видлив, но заклучен.
  2. Целосна лиценца (Основна + SMS) — сите можности на Основната, плус персонализирани SMS преку Android телефон.
  3. SMS надградба — за корисници со активна Основна лиценца. Се издава нов клуч „Основна + SMS“ за истиот Инсталациски ID, со ист датум на истек како постојната лиценца.
  4. Сите лиценци се достапни за 64-битен (x64) и 32-битен (x86) Windows.

4.Ажурирања и нови верзии

  1. Додека лиценцата е активна, сите ажурирања и нови верзии се бесплатни, вклучувајќи и нова главна верзија објавена во тој период.
  2. Постојните лиценци остануваат важечки и по инсталирање на понова верзија и го задржуваат пакетот (Основна или Основна + SMS).
  3. По истекот на лиценцата Корисникот нема право на верзии објавени по датумот на истекот, освен со обнова (точка 5) или со нова лиценца (точка 6).

5.Обнова на лиценцата — по половина цена

  1. Лиценцата може да се обнови за уште 12 месеци по половина од цената на нова лиценца, доколку обновата се плати пред истекот или најдоцна 30 дена по истекот.
  2. Обновената лиценца ги вклучува сите ажурирања и нови верзии во следните 12 месеци. Новиот период се надоврзува на датумот на истек на претходната лиценца.
  3. Обновата за секој дополнителен компјутер чини половина од цената на дополнителниот компјутер, по истите рокови (пред истекот или најдоцна 30 дена по истекот).
  4. Обновата се активира со нов клуч за истиот Инсталациски ID, без повторна инсталација, преку „Лиценца / реактивација“.
ЛиценцаНова лиценцаОбнова навремеПо истекот (постојни корисници)
Основна9.900 ден.5.000 ден.8.900 ден.
Целосна (Основна + SMS)15.900 ден.8.000 ден.13.900 ден.
Дополнителен компјутер — Основна
за секој втор и нареден
5.000 ден.2.500 ден.5.000 ден.
Дополнителен компјутер — Целосна
за секој втор и нареден
8.000 ден.4.000 ден.8.000 ден.

Актуелните цени се прикажани во продавницата и важат во моментот на нарачката.

6.По истекот на лиценцата — цена за постојни корисници

  1. Кога лиценцата ќе истече, Програмата ги заклучува функциите за испраќање и бара нов важечки клуч. Зачуваните проекти и податоци остануваат на компјутерот.
  2. Ако поминале повеќе од 30 дена од истекот, Корисникот купува нова лиценца за тековната верзија по намалена цена за постојни корисници.
  3. Намалената цена важи само за ист корисник или организација што веќе имала платена лиценца. При нарачката се внесува претходниот Инсталациски ID или бројот на претходната нарачка. Доколку тоа не може да се потврди, се наплаќа редовна цена.

7.Пробна верзија

  1. Бесплатната пробна верзија трае 7 дена од првото отворање и овозможува до 100 успешно испратени e-mail пораки и до 100 SMS-сегменти.
  2. Пробната верзија може да се активира само еднаш на ист компјутер; деинсталирањето не го обновува периодот.
  3. Со купување на лиценца, истата инсталација преминува во целосна верзија.

8.Купување и испорака

  1. Лиценците се купуваат преку продавницата на delfidesign.top. Плаќањето е со директен трансфер на банкарска сметка.
  2. По потврдената уплата, инсталацискиот пакет е достапен во „Моја сметка → Преземања“, а лиценцниот клуч се издава за доставениот Инсталациски ID.
  3. Бидејќи се работи за дигитална содржина што се испорачува и активира веднаш, препорачуваме пред купување да ја испробате бесплатната пробна верзија.

9.Одговорна употреба

  1. Корисникот е целосно одговорен за содржината на пораките и за листите со примачи.
  2. Пораки смеат да се испраќаат само до лица кои дале согласност или за кои постои соодветна правна основа, во согласност со законите за заштита на личните податоци и електронските комуникации.
  3. Забрането е користење на Програмата за несакани масовни пораки (спам), измами или други незаконски цели. Во такви случаи лиценцата може да се поништи без право на враќање на средствата.
  4. Корисникот ги почитува условите на сервисите преку кои испраќа (Google, Brevo и мобилниот оператор).

10.SMS трошоци и лимити

  1. SMS пораките се испраќаат преку телефонот и бројот на Корисникот. Трошоците за пораките зависат од мобилниот оператор и се на терет на Корисникот.
  2. Програмата има месечна заштита од најмногу 1.000 различни броеви и 5.000 SMS-делови, заедничка за Delfi Connect и Delfi Dental Flow.

11.Податоци и приватност

  1. Листите со примачи, шаблоните и проектите се чуваат локално на компјутерот на Корисникот и не се испраќаат до Delfi Design Studio.
  2. Кај следењето кликови, веб-страната зачувува само случаен код и време на клик; имињата и e-mail адресите остануваат во локалниот проект.
  3. За активација се користи само Инсталацискиот ID и податоците од нарачката.

12.Поддршка

  1. Поддршката за инсталација, активација и користење е вклучена додека лиценцата е активна, преку контакт формата на сајтот.
  2. Дополнителна обука или интервенција на компјутерот на Корисникот се договара посебно.

13.Ограничување на одговорност

  1. Програмата се обезбедува „како што е“. Delfi Design Studio не одговара за штета настаната од несоодветно користење, од грешки во податоците на Корисникот, ниту од прекини во сервисите на трети страни (Google, Brevo, мобилен оператор).
  2. Вкупната одговорност на Delfi Design Studio е ограничена на износот платен за тековната лиценца.
  3. Пред секое групно испраќање Корисникот треба да направи тест и да ги провери примателите.

14.Измени и контакт

  1. Delfi Design Studio може да ги измени овие услови и цените. Измените не влијаат на веќе платените лиценци до нивниот истек.
  2. За прашања поврзани со лиценците, обновата или овие услови — контактирајте не.

Прашања за лиценцата или обновата?

Сите упатства, видеа и пакети се на едно место.